• Александар Ковачев
Футсал репрезентацијата на Русија во мечот за третото место на Европското првенство во Словенија го совлада Казахстан со 1-0 и стигна до бронзен медал. Интересно е што денешниот натпревар е со најмалку голови во историјата на шампионатите, кога во прашање е дуел за третото место.
Единствениот погодок за Русите го постигна Едер Лима во 29. минута, а овој гол беше негов петти на шампионатот и најверојатно на крајот ќе заврши како втор стрелец. Русија на претходните три европски шампионати го освојуваше второто место, а сега мораше да се задоволи со европската бронза.
Во финалето на Европското првенство се среќаваат селекциите на Шпанија и Португалија.
RESULT
Russia claim bronze medal!
Third place play-off details https://t.co/z9sjpUKP4Q #RUSKAZ#FutsalEURO pic.twitter.com/cEDYVEc4JJ
— UEFA Futsal (@UEFAFutsal) February 10, 2018