ВИДЕО: Русија испушти 0-2 во финалето, Португалија пак на кровот на Европа!

Футсал репрезентацијата на Португалија уште еднаш покажа дека ѝ нема рамна на светот во овој момент и вторпат во низа го освои Европското првенство. Во финалето во Холандија, футсалерите на „селесао“ со пресврт ја победија Русија со 4-2 (1-2). 

  • Извештај од натпреварот: 

Русите отворија одлично и како од сон. Во десеттата и 13. минута преку Соколов и Афанасиев стигнаа до двојно водство против фаворитот за тронот. Сепак, непосредно пред истекот на полувремето Пако ги врати Португалците во игра (1-2). 

Ниту во второто полувреме Русија не се откажа, одлично ја бранеше својата предност и се одржуваше во игра. По седум минути игра отпорот на ривалот го скрши Коељо со погодокот за 2-2, а само пет подоцна истиот фудбалер го комплетираше толку посакуваниот пресврт. 

По водството на Португалците, работите се сменија и Русија фрли сè на карта напад. Со играч-голман и целосно фокусирани за напад, се редеа шансите пред голот на Соуса кој имаше и доста среќа. Во последната минута по еден удар топката удри во двете стативи на Португалија и заврши во рацете на голманот, а на спротивната страна во празната мрежа точка на дуелот стави Варела за конечните 4-2. 

За Португалија ова е втор европски трофеј. Оваа генерација предводена од Хорхе Браз сега врза три големи трофеи во низа, откако ги освои Европското првенство во 2018 година, Мундијалот во 2021 година и сега повторно континенталниот трофеј. 

Претходно во „малото финале“ бронзата ѝ припадна на Шпанија која ја совлада Украина со 4-1.