Русија го заврши словенечкиот сон и обезбеди полуфинале на ЕП во футсал

Репрезентацијата на Русија е вториот полуфиналист на Европското првенство во футсал, кое се одржува во Словенија. Вицешампионот од Белград пред две години ја елиминира домашната словенечка селекција, победувајќи ја со 0-2 (0-0).

Моќната „зборнаја“ го збриша ривалот и со два гола во второто полувреме го заврши сонот на домашната селекција. Двата гола за победничкиот состав ги постигнаа натурализираните руски репрезентативци, родени Бразилци, Едер Лима и Робињо.

Последните четвртфинални натпревари утре ги играат: Португалија - Азербејџан и Украина - Шпанија.