Русија го напаѓа европскиот трон на Португалците

Русија Португалија

Португалија ќе игра ново финале на Европското првенство во футсал, каде ќе ја брани титулата во дуелот со Русија.

Двете репрезентации заслужено стигнаа до финалниот меч на турнирот кој се одржува во Холандија. Втора европска круна во историјата е мотивација за финалистите, кои ќе истрчаат на терен во 17:30 часот.

Португалците со идентични 3-2 ги исфрлија Финска и Шпанија во нокаут фазата. Руската репрезентација, пак, на патот до финалето ја совлада Грузија, а потоа и Украина со минимална предност. Украина и Шпанија ќе се борат за третото место на шампионатот. Тој меч е на програмата три часа пред почетокот на големото финале.

Шпанците остануваат апсолутни рекордери со седум титули, а овогодишните финалисти би можеле да се израмнат со Италија, која е на втората позиција со два трофеи на ЕП.