Русија е првиот финалист на футсал Мундијалот во Колумбија

Руската футсал репрезентација е првиот финалист на Светското првенство во футсал, кое се одржува во Колумбија. Европскиот вицешампион ја запре „бајката“ на иранската репрезентација и во Меделин ја совлада со 4-3 (2-1).

Лисков, Абрамов, Шајахшемов и Чискала ги постигнаа головите за победничката селекција, а Есмаилпур, Хасан Задех и Жавид погодија за Иран.

Второто полуфинале помеѓу Португалија и Аргентина се игра вечерва исто така во Меделин.