Ромуло во половина минута го совлада Казахстан

Еден од фаворитите за освојување на европското футсал злато, Русија многу потешко од што очекуваше, ја совлада селекцијата на Казахстан со 2-1 (2-1) во првиот меч на шампионатот. Во белградска „Арена“ двете репрезентации одиграа одличен меч, а клучна фигура во мечот беше Бразилецот Ромуло.

Овој генијалец постигна два гола за 27 секунди и ја направи разликата во мечот. Казахстан намали само две минути подоцна со голот на Жамалкулов. Во вториот дел немаше голови и резултатот остана истиот од првиот дел.

Вечерва за првпат настапува и европскиот првак Италија во меч против Азербејџан.