Доне Ристовски судеше во полуфиналето на ЕП во футсал

Македонскиот судија Доне Ристовски доби големо признание. Имено, нашиот интернационален судија испиша историја за футсалот во Македонија.

Ристовски делеше правда на полуфиналниот натпревар во рамките на Европското првенство во футсал за играчи до 19 години, кое се одржува во Пореч, Хрватска.

Тој беше главен судија на полуфиналниот дуел во кој силите ги одмерија футсал селекциите на Португалија и Словенија.