• Зоран Мишевски
Најдобриот и најскап футсал играч на денешницата, Португалецот Рикардињо го продолжи договорот со првакот на Шпанија, екипата на Интер Мувистар од предградието на Мадрид. Португалецот се обврза уште три сезони да ја носи десетката во една од најдобрите футсал екипи во Европа.
Спектакуларниот Португалец минатата сезона и ја откина титулата на фаворизината Барселона, а со португалската репрезентација има бронзен медал од Европското првенство во Србија пред една и пол година.
Рикардињо во Интер Мувистар пристигна во 2013 година и освои 11 трофеи, па нема титула во клупскиот футсал која му недостига.