• Горан Упале
Тоа што се Меси и Роналдо во светот на фудбалот тоа е Рикардињо во футсал. Брилијантниот футсал играч моментално настапува за екипата на Интер од Мадрид, но тоа може многу лесно да се промени, доколку Португалецот ја прифати понудата од хрватскиот клуб Национал, која за многумина е понуда кој не смее да се пропушти.
Во екипата од Мадрид, 30-годишниот Рикардињо заработува по 300.000 евра по сезона, а на изненадување на сите, загрепскиот клуб Национал е спремен да одвои по половина милион евра годишно за најдобриот европски футсал играч. Покрај четиригодишниот договор за кој на Поругалецот ќе му исплатат 2 милиони евра, челниците на хрватскиот клуб доставија понуда до Интер од 1 милион евра.
Доколку Рикардињо ја прифати оваа понуда ќе стане најплатениот футсал играч, а исто така неговиот трансфер ќе биде најголемиот трансфер во историјата на оваа игра. Во хрватскиот футсал шампионат настапува Садат Зибери, од неодамна македонски репрезентативец.