Рикардињо остана без титула, руската Угра е нов европски футсал шампион

Рускиот футсал првак Угра Југорск е нов европски првак во футсал, откако вечерва во Гвадалахара во финалето на УЕФА Купот го совлада шпанскиот првак Интер Мувистар со 4-3 (2-2).

Во многу драматично финале поведоа Русите со голот на Афанасиев во 6. минута, а половина минута подоцна израмни Кардинал. До крајот на првиот дел Пола во 13. минута ги доведе фудбалерите на Интер во водство. Сепак четири минути подоцна на 2-2 израмни Марсењо. 

Во второто полувреме дури во последните три минути падна одлуката околу европскиот првак. Афанасиев со својот втор гол во 38. минута ја доведе Угра во водство  од 3-2. Во последната минута кога Шпанците ризикуваа и играа без голман, Котата зголеми на 4-2, а финалните 4-3 ги постави Шираиши. Најдобриот футсал играч во светот Рикардињо остана без европска титула. 

Во мечот за третото место Бенфика и Пескара играа 2-2, а Португалаците беа подобри изведувачи на пенали и се радуваа со 2-0.