ВИДЕО: Рикардињо на врвот на светот, Португалија е светски шампион во футсал!

Футсал репрезентацијата на Португалија оствари нов успех и со победа над Аргентина во финалето (1-2) ги обедини најголемите титули и стана првак на Светското првенство (СП) кое се играше во Литванија.

Во мечот за титула европската селекција беше предводена од Варела кој постигна два погодока во мрежата на „гаучосите“. Португалија водеше со 0-2, кога Аргентина го даде почесниот гол преку Клаудињо. 

  • Извештај од натпреварот: 

Проблем за јужноамериканската селекција беше и црвениот картон кој го доби Боруто уште во 9. минута од мечот во „Жалгирио Арена“. Но и покрај тоа Аргентинците имаа повеќе од шансите за изедначување во натпреварот, ама голманот на Португалија беше врвен. Плус, Португалија ја посака среќата - Аргентина во последниот напад ја погоди стативата.

Португалија така успеа да го совлада актуелниот светски првак и да ги обедини двете највредни футсал титули во светот. Овој национален тим во чии редови настапува и еден од најдобрите футсалци во светот Рикардињо е актуелен европски првак.

Претходно, Бразил беше подобар од Казахстан (4-2) во натпреварот за третото место на Светското првенство.