• Горан Упале
Најдобриот футсал играч на денешницата, Рикардињо, синоќа славеше нова титула со Интер Мувистар. Португалскиот виртуоз со гол во самиот финиш донесе победа за својот тим во мајсторката на домашното првенство против Барселона, а по мечот со солзи на очите изјави:
„Заплакав заради критиките. Луѓето мислат дека Рикардињо може да ги реши сите проблеми, а забораваат дека ова е колективен спорт. Повеќе од 30 натпревари ги одиграв со повреда и големи болки на листот, но тие мислат дека сум машина. Размислуваат само на победи и на тоа колку голови постигнавме, а за тоа дали сме одморни или подготвени“.
Enhorabuena @InterMovistar por su 4a liga consecutiva. En especial a @joseprietofisio. Aquí, atendiendo a @ricardinho10ofi #crackmundial pic.twitter.com/zGzuaGzCjz
— Dr. Ramón Navarro (@DrRamonNavarro) June 19, 2017
Со овој триумф над Барса, тимот на Рикардињо ја комплетира тројната титула, откако претходно славеше во Купот на Шпанија како и во Лигата на шампионите.