ВИДЕО: Рикардињо е вистински МАЕСТРО – со еден потег буквално го седна противникот

Рикардињо

Португалецот Рикардињо важи за најдобар футсал играч на денешницата. Тој го наследи бразилскиот феномен Фалкао и подолг период стои сам на врвот.

Од оваа сезона тој настапува во францускиот клуб Асниерес Виленеуве, каде пристигна по седум години минати во шпански Интер Мувистар. Има 35 години, но и натаму е страв и трепет за секој противнички дефанзивец.

Во победата над Шаваноз од 14-2 не се запиша во листата на стрелци, но направи потег кој се истакна на социјалните мрежи. Фановите одново беа сведоци на мајсторија на португалскиот играч, кој по кој знае кој пат си поигра со својот директен чувар и буквално го седна на теренот.