ВИДЕО: Рикардињо дели лекции во Шпанија - противниците ги „мота“ како мали деца

Рикардињо трик

Најдобриот футсал играч во светот, Рикардињо, прави по некој трик на секој натпревар, со кој го одбележува викендот во Шпанија, поточно во екипата на Интер Мувистар.

Вчера, неговиот тим одигра 3-3 на гостувањето кај Ел Поцо Мурсија, а Португалецот повторно беше најдобар поединец и го оствари потегот на натпреварот.

Во дуелот еден на еден со противничкиот играч, португалскиот репрезентативец најпрво се ослободи со „тунел“, а потоа му даде дополнителен шарм на додавањето до својот соиграч и наиде на овации од домашната публика.