Рекламни цени за футсал претквалификациите, Македонија голем фаворит на домашен терен

Кон крајот на месецот, македонската футсал репрезентација ќе ги започне претквалификациите за пласман на Светското првенство. Турнирот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, а во рамките на нашата група Ц уште играат Албанија, Грција и Сан Марино.

По цена од 200 денари од 31 јануари до 3 февруари футсал заљубениците ќе може да ја бодрат националната селекција. Двете најуспешни репрезентации од групата ќе обезбедат место во главната фаза од квалификациите за Светското првенство.

1. коло (31 јануари)

Албанија – Сан Марино (17:30)
Македонија – Грција (20:00)

2. коло (1 февруари)

Грција – Албанија (17:30)
Македонија – Сан Марино (20:00)

3. коло (3 февруари)

Сан Марино – Грција (17:30)
Албанија – Македонија (20:00)