Првакот Шкупи ќе биде домаќин на футсал-турнирот во ЛШ

Македонскиот првак во фустал, екипата на Шкупи, доби доверба од УЕФА да биде домаќин на квалификациски турнир во Лигата на шампионите, 

Шкупи според коефициентот се наоѓа во прелиминарната рунда на која ќе биде домаќин на еден од турнирите. Најдобрите екипи од групите ќе одат во следната рунда.

Покрај Шкупи, домаќини на турнирите ќе бидат и Жалгирис од Литванија, Лиќени од Косово, како и Мостар од БиХ.

Прелиминарната рунда во ЛШ ќе се игра од 23 до 28 август. Главната рунда е од 25 до 30 октомври. Потоа, следи елитната фаза.