Првакот победнички се враќа од Автокоманда, КМФ Проект го надигра Железарец

Новата сезона во македонскиот футсал започна со дерби дуел. Првакот КМФ Проект во Скопје го совлада поранешниот шампион Железарец со 3-4 (1-1). Дарко Ранготов, Мартин Тодоровски (два гола) и Драган Петровиќ беа стрелци на головите за гостинската екипа во содржаен, динамичен и неизвесен натпревар до самиот крај во Автокоманда.

Двете екипи во годинешното првенство стартуваа со шампионски амбиции, па ваквиот мотивиран пристап уште на стартот беше очекуван. Натпреварот и покрај резултатската неизвесност мина во крајно фер и коректна, спортска атмосфера од двете страни. 

За тоа придонесе и одличната арбитража на Младеновски и Костенчев, кои беа на висина на задачата во секој поглед.