Прваците на Хрватска, Ерменија и Кипар стојат на патот на футсалците на Шкупи

По големиот успех и пласманот во главната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите, македонскиот футсал шампион Шкупи денес ги дозна противниците во следната фаза од натпреварувањето. Ждрепката во Нион го однесе чаирскиот клуб во групата 6, каде за противник првакот на Македонија ќе ги има најдобрите екипи од Кипар, Хрватска и Ерменија. 

Ново Време од Макарска, со шампионот на Кипар, Омонија и ерменскиот Лео футсал клуб се противниците на „сино-белите“. Домаќин на групата ќе биде хрватскиот клуб, кој и по рејтинг е фаворит за пласман во групната фаза. 

Натпреварите ќе се играат од 8 до 13 октомври, а само една од четирите екипи ќе се квалификува меѓу 32-те најдобри екипи во Европа. 

Европскиот првак ќе биде добиен по завршен турнир во април 2020 година. УЕФА допрва ќе одлучи каде ќе се играат натпреварите за титулата.