• Зоран Мишевски
Македонската футсал репрезентацијата на 23 и 25 март на гостински терен ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина во Зеница и Жебче. Новиот селектор Иван Божовиќ го објави првиот список за своите дебитантски мечеви. Наследникот на Скендеровски практично го потврди списокот на неговиот претходник.
Голмани:
Антонио Петровски (Железарец), Влатко Петровски (Велес);
Одбрана:
Зоран Левески (Железарец), Ферид Агуси (Железарец), Трајче Трајков (Велес);
Напад:
Даниел Де Соуза (Железарец), Игор Леовски (Железарец), Мартин Мехмединовиќ (Црна Река), Дарко Ранготов (Железарец), Драган Петровиќ (Железарец), Садат Зибери (Динамо, Хрватска), Џо Арсовски (Врање, Србија), Иван Крстевски (Железарец), Еркан Сефери (Шкупи 1927)
Првиот собир нашата футсал селекција ќе го има в понеделник, 23 март.