Проблеми за Скендеровски, без седум играчи против БиХ и Романија

Футсал репрезентацијата на Македонија утре ќе ја дочека Босна и Херцеговина, додека на 14 април ќе гостува кај Романија во Темишвар во последните два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство. 

Во очи априлскиот репрезентативен циклус, селекторот Васко Скендеровски има значителни проблеми бидејќи за двата дуели ќе биде без седум играчи. Поради суспензија изостана Крстевски за првиот меч, додека поради повреди и ковид ограничувања нема да играт Глигоров, Де Соуса, Сефери, Зибери, Леовски и Мицевски, а неизвесни се и Петровиќ и Ранготов. 

  •  Списокот на играчи: 

Голмани: Антонио Петровски (Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи);
Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина), Берат Рамадани (Арбен Бајрами); 
Напад: Иван Крстевски (Проект Цико), Дарко Ранготов (Проект Цико), Мартин Тодоровски (Проект Цико), Џокица Џо Арсовски (Штутгартер 2020), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Петар Даиловски (Велес), Александар Михајлов (Проект Цико), Сами Аљиљи (Велес), Јовица Марковски (Астибо). 

Селекторот на Македонија го изнесе и своето мислење, најави дека ќе биде тешко и најави борба на дебитантите да се искористат шансите. 

„Се соочуваме со огроми проблеми во однос на играчкиот кадар, но ова е објективната ситуација и мораме да ја прифатиме. Ќе биде исклучително тешко на овие два натпревари. БиХ веќе и теоретски го обезбедија своето учество на Европското првенство, без императив доаѓаат во Скопје, но тоа е силна репрезентација и секако во вакви околности фаворит против нас. Имаме пет дебитанти во тимот и тоа е добра можност за нив да ја почувствуваат атмосферата во репрезентацијата и да се потрудат да остават позитивен впечаток. Ни преостанува да се бориме до крај и да ја искористиме шансата за добар резултат доколку ни се укаже“, изјави Скендеровски. 

Македонија е последнопласирана во групата, со две ремија и два порази, исто како и Романија па во овие квалификациски дуели ќе се игра за престиж.