Признание на ФФМ за поддршката во организацијата на футсал Купот

Претставници на министерството за одбрана и македонската армија врачија признание на Фудбалската федерација на Македонија за поддршката во организацијата на регионалниот футсал куп „Куп за мир“.

Нашето министерство за одбрана и армијата од 26 до 30 август беа организатори на 11-от футсал Куп под покровителство на меѓународниот сојуз за воени спортови (CISM). На турнирот учествуваа шест држави. Во конкуренција на БиХ, Црна Гора, Словенија, Србија, Хрватска и Македонија, футсал тимот од Босна и Херцеговина го освои првото место. 

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини се заблагодари за признанието, напоменувајќи дека „Куќата на фудбалот“ секогаш ќе биде поддршка за настани од овој или сличен карактер.