Пресврт-пораз на Форца од Бањица, следи меч за престиж со Холанѓани

Македонскиот футсал првак Форца го доживеа вториот пораз во втората фаза од Лигата на шампионите. Тимот загуби од ФОН Бањица (1-2) во вториот дуел и така ги загуби шансите за прогрес понатаму.

Форца поведе по само 18 секунди игра со голот на Крстевски, но потоа организаторот на турнирот од Србија дојде до триумф со пресврт. Прво Пешиќ израмни на 1-1 додека течеше 13 минута, а во 37. минута од пенал, истиот играч ги постави конечните 2-1.

Во третото коло од втората групна фаза Форца ја чека дуел со холандскиот првак Тајгерс Роермонд за престиж и битка за третото место на табелата.