Прекин на дербито во Велес: Фан на Шкупи физички нападна играч на домаќините

Немила сцена се случи на дерби натпреварот од 7. коло на Првата футсал лига на Македонија, меѓу екипите на Шкупи и Велес. Имено, натпреварот не го дочека својот крај, бидејќи при резултат од 3-2 за домаќините на 7 минути до крајот, в терен влезе еден навивач на Шкупи и физички го нападна играчот на Велес, Диме Андов. Очекувано, на делегатот и на судиите не им преостана ништо друго освен да означат крај на натпреварот. 

До тој момент, мечот беше многу интересен и возбудлив. Велес трипати водеше, беше подобар противник и беше на добар пат да ги освои сите три бода.  

Сега се очекува Дисциплинската комисија при ФФМ да изрече казни за сторителите на овој немил настан, а повеќе од извесно е дека натпреварот ќе биде регистиран со резултат од 5-0 за екипата од Велес.