Предавач од Шпанија ќе им ги претстави новите футсал правила на нашите судии

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) организира вебинар за 30 футсал судии од нашата земја под покровителство на ФИФА. 

Семинарот се оддржува преку zoom апликација и го следат судиите, а главна тема на курсот е имплементација на промените на правилата во футсалот, односно едукација на нашите судии во пресрет на новата сезона во македонската футсал лига.

Предавач на вебинарот е Педро Галан Нието. Шпанецот е еден од одговорните лица, поточно еден од седуммината, кои ги променија правилата на футсалот во 2020. година. По барање на ФИФА, преку Пјерлујџи Колина и Масимо Бусака, водечките луѓе во судиската организација на Светската фудбалска асоцијација, годинава беа променети одредени правила во футсалот со единствена цел, да  бидат едноставни и разбирливи за гледачите, слични како во фудбалот, но да задржат некои карактеристики типични за футсалот.