• Сашо Поповски
На Европското првенство во футсал, кое пред две години се одржа во Србија, Рикардињо беше автор на еден од најубавите потези некогаш видени на терените. И сето тоа го зачини со прекрасен погодок против домашната репрезентација, а ги натера присутните гледачи во салата во Белград да му дадат стоечки овации.
Во 3. коло од групата А, Португалија загуби од српскиот национален тим (1-3), а единствениот погодок за Португалците беше вистинско ремек-дело на најдобриот футсал играч на денешницата
Видеото денес го сподели самиот Рикардињо, кој на својот Твитер профил се потсети на мајсторијата и еден од најубавите голови во неговата кариера.
Faz hoje 2 anos que no último europeu jogado (na Sérvia) aconteceu isto!!! Que hoje seja um dia especial!!! pic.twitter.com/jHPlHeI1cF
— ricardinho10 (@ricardinho10ofi) February 6, 2018