ВИДЕО: Португалија со пресврт-победа славеше над Русија за финале на ЕП во футсал

Футсал репрезентацијата на Португалија е првиот финалист на Европското првенство, кое се одржува во Словенија, откако во денешното прво полуфинале преку пресврт славеше победа над селекцијата Русија (2-3).

Руските репрезентативци подобро го отворија вечерашниот меч и преку Лима во 4. минута поведоа со 1-0. Португалија долго време се мачеше да ја пронајде вистинската тактика за да ја разбие одбраната на Русите и во отсуство на денес нерасположениот Рикардињо, на сцена стапи Паоло Коељо, кој за само четири минути двапати ја затресе противничката мрежа и го најави пресвртото, кој го потврди Андре Коељо во последната минута. Конечните 2-3 ги постави Лима со својот втор гол вечерва. 

Португалија својот противник во неделното финале ќе го дознае вечерва по завршувањето на вториот полуфинален меч меѓу Казахстан и Шпанија.