ВИДЕО: Португалец со „каскадерски“ скок освои злато на 110 метри со пречки

Оливеира

Спектакуларна завршница донесе трката на 110 метри со пречки на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Португалецот Жоао Витор Оливеира стигна до златниот медал на несекојдневен начин. Во самата завршница тој се фрли со телото и успеа за нијанса да ја добие трката со Абдел Ларинаго.

Каскадерски потег кој сигурно дека нема да го видиме во иднина на атлетските патеки...