Почнува второлигашкиот футсал караван, дванаесет желби за промоција во елитата

За осум дена започнува Втората македонска лига во футсал, која ќе брои дванаесет екипи, а најдобрите две ќе се промовираат во елитната категорија. Штипски Астибо, битолски Конзули и Проект Јосифово се потенцијални кандидати за промоција во повисок ранг.

Во првото коло фаворитите се избегнаа и нема да играат меѓусебе.

Прво коло:
Проект Јосифово - Клими
Кегу Моби - Црешово топче
Астибо - Карджак
Конзули - Велешта
СЕЕ Тетово - Овче Поле
Мал Ајакс - Форца 2015

Натпреварите од Втората футсал лига предвидено е да не се играат во викенд, туку во понеделник и вторник.