• Зоран Мишевски

Вечерва започнува најновото издание на турнирот во мал фудбал „Св. Никола 2024” во Прилеп. Фудбалското шоу ќе трае до 22 декември, за кога е закажано големото финале. Натпреварите ќе се играат во две спортски сали во СОУ “Ристе Ристески -Ричко”, а помалите категории ќе играат во ООУ “Добре Јованоски”.
Вчера се одржа ждрепката за групната фаза. Пријавени се 32 екипи, кои се поделени во осум групи.
Во првиот турнирски ден ќе се одиграат 5 натпревари, а ова се двојките:
19:00 - Водовод Прилеп – Изофас
19:50 - Фенербахче – ВИК
20:50 - Фенербахче – Outdoorfitness
21:40 - Струшка – Слаткарница Шар
22:30 - Фенербахче – Ангромеханика First Time
Победникот оваа година ќе подели 300.000 денари, второпласираната екипа дома ќе си замине со 180.000 денари, а третопласираната со 70.000.