• Зоран Мишевски

Љубителит на малиот фудбал имаат ново летно задоволство, Од утре започнува пријавувањето за XVIII традиционален меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ и ќе трае до 28 август.
Извлекувањето на екипите ќе се одржи на 30 август, а стартот на турнирот е закажан, како и секогаш традиционално, на први септември со почеток во 20:00 часот на игралиштето „Сокол“ во ООУ Христијан Тодоровски Карпош – Карпош 1.
Бројот на екипи е ограничен на 48 екипи. Интересот е огромен и ова лето се очекуваат убави натпревари и голови до освојувањето на престижниот трофеј.