Победа на КМФ Велес и пораз на КМФ Железарец на почетокот од футсал шампионатот

Овој викенд со мечевите од првото коло започна домашното првенство на Македонија во футсал. Апсолутен фаворит е екипата на КМФ Велес, која со истиот кадар на Железарец од минатата сезона и тренерот Божовиќ, не би требало да има проблеми да стигне до титулата. 

Шампионот КМФ Железарец загуби со 6-2 на гостувањето кај вицешампионот Хедис, а Цико го совлада Рудник Саса со 8-2. Фаворитот КМФ Велес во Тетово ја победи истоимената екипа со 4-7. Биџо на гости славеше против Јувентус Серава со 5-7, а Шкупи го надигра Илирет Куманово од 5-2.

Иако првенството се очекува да биде поизедначено, сепак веројатно како и годините наназад, ќе гледаме монолог на само една екипа, во случајот КМФ Велес.