• Зоран Мишевски
Македонската футсал репрезентација забележа победа и пораз двата контролни натпревари кои се одиграа на гостински терен против Црна Гора.
Првиот дуел одигран во Никшиќ мина во наша доминација, победивме со резултат 2-0. Првото полувреме заврши со предност за Македонија. Голоѕ за наша предност го постигна Драган Петровиќ. Во вториот дел постигнавме уште еден гол преку Таулант Исмаил за конечни 0-2. Димитар Јанев имаше добри шанси за гол во првото полувреме, како и Берат Рамадан и Иван Крстевски во вториот дел.
Во вториот контролен дуел, Црногорците славеа со резултат 4-2. Домашните преку Чаласан и Николиќ обезбедија предност од 2-0, а откако Димитар Јанев пред паузата намали на 2-1, Вулетиќ и Копривица погодија во вториот дел за 4-1. Мартин Тодоровски ги постави конечните 4-2.