Петровски правеше чуда на голот, Македонија херојски до бод со Србија

Футсал репрезентацијата на Македонија направи голем подвиг и одигра реми како гостин со Србија (1-1) во рамки на квалификациите за Европското првенство.

„Орлите“ важеа за апсолутни фаворити пред средбата, но тимот на Васко Скендеровски изненади и покажа дека може да игра и со најдобрите. Фаворитот во групата сега е во проблеми околу пласманот на ЕП, затоа што е во подредена улога.

Во спортската сала во Врање, голманот Антонио Петровски правеше чуда. Чуварот на мрежата на Македонија имаше околу дваесет одбрани на овој меч и на Македонија ѝ донесе бод. Прва на мечот поведе Србија преку Пршиќ во 3. минута, додека конечните 1-1 ги постави Крстевски во 9. минута.

Македонија со ова реми останува во игра за едно од местата кои водат на Европско првенство. Ова е второ реми по ред за нашиот национален тим по она со Романија. Следниот меч за футсалците е против Србија, во Скопје, на 9 март.