Пеналите кобни за Казахстан, Португалија ќе ја предизвика Аргентина во финалето

Португалија победа

Португалија не ја испушти третата шанса и се избори за финале на овогодишното Светско првенство. Во мечот за титула ќе игра со Аргентина, која го елиминира Бразил.

Во полуфиналната пресметка, Португалците беа подобри од Казахстан (6-5). Мечот во регуларниот дел заврши 1-1, немаше победник и по продолженијата, па пеналите беа одлучувачки на оваа средба.

Првиот дел донесе претпазлива игра на двете страни. На прв погодок се чекаше во вториот дел, кога Варела погоди за португалската репрезентација. Кога се чинеше дека Португалија ќе слави победа, се појави Нургожин и израмни во последната минута. Тоа го однесе мечот во дополнителен период. Ривалите постигнаа уште по еден погодок во продолженијата, па се шутираа пенали за пласман во финалето.

Жуниор отвори со промашување, а на тоа се надоврза и Кнауб, па Португалија со еден промашен пенал прослави голем триумф.

  • Извештај од натпреварот: 

Финалето и натпреварот за бронзен медал се закажани за в недела.