Пародија во мак-футсалот: Ловејќи гол-разлика победија со 60 и 74 разлика!

Во пресрет на финишот на сезоната во Првата македонска футсал лига, екипите на КМФ Арбен Бајрами и КМФ Проект се во битка за титулата. 

Многу лесно може да се случи на крајот трката да ја одлучи гол разликата, па на тимовите им се потребни погодоци. Тоа најдобро се виде во последните натпревари кои фаворитите ги добија со огромна разлика. 

Имено, екипата на КМФ Проект се радуваше на гости кај КМФ Енхалон со 62-2, што додава 60 погодоци на гол-разликата. Сепак, КМФ Арбен Бајрами се погрижи да победи уште поубедливо, односно дома со 75-1 ја совлада екипата на Јувентус Серава. 

Бројот на постигнатите погодоци е неверојатен, навистина тешко достижен за било кој футсал натпревар, дури и ако се натпреваруваат екипи од различни ешалони.