Општ хаос на футсал натпревар во Хрватска: Бед Блу Бојси влегоа на теренот и го нападнаа противничкиот голман

Динамо против Национал

На вчерашниот дуел помеѓу футсал екипите на Динамо и Национал настана општа тепачка, која ја започнаа навивачите на домашната екипа Бед Блу Бојс. 

Video napada

Posted by Nacional Zagreb FC on Wednesday, March 30, 2016

Навивачите најпрво го нападнаа голманот на Национал, Иван Павлиќ, по што претседателот на екипата ги повлече своите играчи во соблекувалната и натпреварот беше прекинат. Фановите беа испровоцирани токму од претседателот на гостинската екипа, кој постојано се бунеше кај главниот судија. 

Pocinjemo Futsal Dinamo : FC Nacional ZagrebFutsal Dinamo BBB

Posted by Nacional Zagreb FC on Wednesday, March 30, 2016

Според зборовите на гостинските играчи најмногу биле навредувани српските играчи, кои биле испратени со пораки: „ќе ве убиеме“, „ќе ве заколиме“ и „Србе на врбе“. Полицијата ја затвори салата и не дозволуваше никој да влезе се додека не се идентификуваат напаѓачите. Во моментот на прекинот, Национал водеше со 0-2.