• Сашо Поповски

Репрезентацијата на Словенија, која ќе биде домаќин на престојното Европско првенство во футсал, на денешната ждрепка во Љубљана доби тешка група заедно со Србија и Италија.
Излвекувањето го направија амбасадорите на турнирот Миле Ачимовиќ и Миле Симеуновиќ, како и познатата скијачка Тина Мазе.
Група А: Словенија (домаќин), Италија, Србија
Група Б: Русија, Казахстан, Полска
Група Ц: Португалија, Украина, Романија
Група Д: Шпанија (актуелен шампион), Азербејџан, Франција
Европското првенство ќе се игра во периодот од 30 јануари до финалниот меч на 10 февруари.