• Горан Упале
Тимот на Интер Мувистар, за кого настапува еден од најдобрите футсал играчи, Рикардињо, синоќа го освои купот на Шпанија, победувајќи со 2-1 во финалето против екипата на Поцо Мурсија. Португалецот го постигна победничкиот гол за својот тим, но сепак ќе биде запаметен по неговиот брилијантен дриблинг, иако после него не успеа да ја погоди празната мрежа.