ВИДЕО: Нова МАГИЈА на футсал мајсторот РИКАРДИЊО за полуфинале на Португалија

Футсал репрезентацијата на Португалија се пласира во полуфиналето на Светскиот куп во Колумбија, откако славеше победа против Азербејџан со 3-2. Во еден од најинтересните натпревари Португалија заслужено славеше победа против „бразилската“ легија, а повторно најзаслужен беше „магичниот“ Рикардињо.

Како и многу пати до сега, третиот гол (за водство од 3-1), кој Рикардињо го постигна за Португалија е вистинско ремек дело, кое повторно го разбранува фудбалскиот свет.

Во полуфиналето Португалија ќе игра против Аргентина, додека вториот пар го сочинуваат Русија и изненадувањето Иран.