ВИДЕО: Нова атракција на футсал-магионичарот - Рикардињо даде гол со гради

Португалскиот футсал-мајстор Рикардињо покажа дека знае да дава голови со секој дел од телото, па дури и со гради.

На пријателскиот меч против Русија кој заврши со резултат 3-3 тој се запиша во листата на стрелците, откако доби топка од соиграч и го матираше рускиот голман - со гради!

Рикардињо по мечот добил честитки за голот дури и од противниците, кои се воодушевуваат на неговите вештини на футсал-терените.