ВИДЕО: Нов трофеј на футсал „БОГОТ“, Рикардињо и со Интер ја покори Европа!

Неколку месеци по освојувањето на Европското првенство, футсал „богот“ Рикардињо се закити и со трофејот од УЕФА футсал Купот (пандан на популарната Лига на шампиони во фудбал). 

Изминатиот викенд, Рикардињо со својот тим Интер Мувистар триумфираше на завршницата на ова натпреварување,. Во полуфиналето беше поразена Барселона, додека во големото финале шпанскиот тим славеше убедлива победа од 5-2 над тимот на Спортинг Лисабон. 

И повторно Рикардињо одигра чудесна партија, делеше топки како со очи, беше нерешлива енигма за Португалците, а во оваа победа учествуваше и со еден гол, за водство од 2-1.