ВИДЕО: Нов ЕВРОГОЛ на генијалецот Рикардињо – со магична „рабона“ го започна ЕП!

Рикардињо

Најголемата футсал ѕвезда на планетата, Рикардињо повторно ги одушеви љубителите на овој спорт, откако ја водеше својата селекција, Португалија до првата победа на Европското првенство, кое се игра во Словенија. 

Португалија со убедливи 4-1 славеше над Романија, а генијалецот Рикардињо покрај тоа што му зададе големи проблеми на противничките дефанзивци, беше творец и на најатрактивниот гол на овој меч. Членот на Интер го постигна третиот гол за својата селекција и тоа на мајсторски начин. Најпрво феноменално се ослободи од својот чувар, а потоа со „рабона“ го изненади романскиот голман и ја потврди победата на својата селекција. 

Покрај Португалија и Романија дел од оваа група Ц е и селекцијата на Украина, која денес имаше слободен ден.