• Горан Упале

Футсал репрезентацијата на Португалија е третиот патник во полуфиналето на Европското првенство кое се одржува во Словенија.
Попладнево „европските Бразилци“ со убедливи 8-1 ја совладаа селекцијата на Азербејџан, а повторно на паркетот блескаше најдобриот фудсал играч на светот, Рикардињо. Капитенот на Португалците на денешниот меч беше творец на четири гола, два постигна Кари, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа Варела и Коехо. Почесниот гол за поразената селекција го постигна Кардозо за тогашни 0-1.
По полуфиналето Португалија ќе се сретне со селекцијата на Русија, која вчера беше поуспешна од домаќинот Словенија.