Не е грешка: Историски резултат во футсалот – победија со 65-0!

Футсал репрезентацијата на Португалија забележа неверојатна победа на Светското првенство во рамки на Универзитетските игри и влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Португалците славеа со убедливи 65-0 над Обединетите Арапски Емирати. Да, не е грешка, резултатот е тој. На полувремето фаворитот на хартија имаше висока предност од 32-0 и овој резултат е еден од најголемите во историјата на овој спорт.

Ова е највисока победа на Универзитетските игри, а втора според Гинисовата книга на рекорди во футсалот. Кај победникот двајца играчи дадоа по девет гола, тоа се Родриго Лемос и Саумел Маркез, седум имаше Мореира, шест дадоа Фуртадо, Оливеира, Фреире и Мореира...