• Сашо Поповски

Најдобриот футсал играч на сите времиња, Фалкао одново е величен во светските медиуми. Овој пат Бразилецот ја импресионираше публиката на пријателски натпревар на кој погоди „ножички“ во два последователни наврати за да постигне спектакуларен гол.
Бразилскиот поранешен репрезентативец е на крајот на својата футсал кариера, но уште не заборавил на своите препознатливи трикови.