• Зоран Мишевски
Македонската футсал репрезентација во пријателски натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од Франција со 1-2 (1-1). Овој меч беше прв тест за избраниците на селекторот Божовиќ пред квалификациите за Европското првенство во Словенија.
Во гледлив и квалитетен натпревар Франција дојде во водство во 14. минута од натпреварот со голот на Абдесамад, а нашата селекција не реализираше неколку шанси во првото полувреме, а најдобрата ја имаше Агуши. Во продолжението многу подобра игра на нашата селекција која успеа да го израмни резултатот уште во 23 минута преку Петровиќ.
До пред самиот крај се играше многу пповеќе пред голот на Франција, но нашите футсалци не успеаја да дојдат до предност. Во самата завршница голманот Антонио Петровски се обиде да фрли контранапад, но не се разбра добро со Левески, таа топка ја пресече Аздине и успеа да постигне гол за победа од 1-2.
Двете селекции во среда во Велес ќе одиграат уште еден контролен натпревар на кој селекторите подобро ќе ги констатираат добрите и лошите страни на своите репрезентација.