• Иван Димовски
Младинската футсал репрезентација на Македонија за играчи до 19 години претрпе пораз на Истра Купот од селекцијата на Словенија со 3-2. Натпреварот во рамките на групата Б понуди доста возбудувања и израмнета игра, а заврши со минимален пораз на нашите футсалци.
Македонија одигра добро од стартот, водеше со 2-1 во Умаг против словенечките ривали. Притоа, при овој резултат имаше три шанси да ја зголеми предноста. Сепак, откако не ги искористија шансите, стигна казната во видот на пресврт за Словенија.
За Македонија стрелци беа капитенот Гавровски и Стоимировски.
Второто коло на меѓународниот турнир Истра Куп 2024 носи дуел против домаќинот Хрватска.