Младите футсалци убедливо загубија и на вториот натпревар на „Истра Купот“

Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години синоќа го одигра вториот натпревар на меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, и беше високо поразена од домаќинот, селекцијата на Хрватска со резултат 7-0.

Хрен постигна два погодока, а по еден погодок постигнаа Посавец, Пачко, Шарчевиќ, Матиќ и Речиќ. Во групата Б, во досегашниот тек од турнирот, Хрватска е лидер на табелата со шест освоени бода колку што има и репрезентацијата на Словенија. Македонија и селекцијата на Сoединетите Американски Држави се без бодови.

За младата футсал репрезентација на Македонија останува уште натпреварот против селекцијата на Соединетите Американски Држави која ќе се одигра утре 5 април со почеток од 13:00 часот.