Младите футсалци со победа над Гибралтар ги завршија евро-квалификациите

Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години со победа го заокружи учеството на квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство.

Избраниците на селекторот Зоран Лекиќ во интересен натпревар успеаа да слават победа со 4-2 над домаќинот на турнирот, селекцијата на Гибралтар. Противникот прв успеа да го отвори резултатот, благодарение на погодокот на Ел Јетефти. Mакедонија израмни на 1-1, стрелец на погодокот беше Јанев. Комплетен пресврт Македонија направи преку Анчевски. На 3-1 зголеми Блажевски, а четвртиот погодок за Македонија беше дело на Чајани. Гибралтар до крајот на мечот успеа само да го намали резултатот. Конечните 4-2 ги постави Мараче.

По одигрувањето на сите натпревари во групата Б од турнирот, селекцијата на Црна Гора го освои првото место, со максимален учинок, Македонија заврши на втората позиција, Гибралтар го заврши циклусот без освоен бод. Селекцијата на Црна Гора продолжува во следната фаза квалификации за пласман на Европското првенство.