Младите футсалци лесно го решија Гибралтар во претквалификациите за ЕП

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа важна победа над Гибралтар со конечни 3-1 во рамките на првиот натпревар од претквалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи годинава во Молдавија.

Избраниците на селекторот Зоран Лекиќ одиграа добар натпревар, ја оправдаа фаворитската улога и остварија сосема заслужена победа над Гибралтар.

Давид Тоневски го отвори резултатот на средбата, а Марио Јанев зголеми на 2-0. Противникот успеа да ја намали предноста, но Марио Јанев со својот втор погодок ја врати двојната позитива и ги постави конечните 3-1.

Во последното коло од турнирот Македонија ќе игра со домаќинот Естонија.